свет

Гренланд: Џиновска санта мраз предизвика паника откако се приближи до населено место

Околу 200 лица кои живеат во подрачјето на населеното место Инарсуит, се евакуирани на безбедно поради евентуално цунами кое може да биде предизвикано од џиновската санта мраз

Adem Şalvarcıoğlu  | 16.07.2018 - Обновена : 17.07.2018
Гренланд: Џиновска санта мраз предизвика паника откако се приближи до населено место АА/Архива

Ankara

АНКАРА (АА) - Џиновска санта мраз со тежина од 11 милиони тони се приближи до населено место на островот Гренланд, на Северниот Пол, предизвикувајќи паника кај жителите, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според локалните медиуми, сантата мраз која се приближила до селото Инарсуит, е со ширина од 200, а височина од 92 метри.

Се истакнува дека околу 200 лица кои живеат во подрачјето, се евакуирани на безбедно поради евентуално цунами кое може да биде предизвикано од џиновската санта мраз, и дека се преземени опсежни безбедносни мерки.

Се истакнува дека сантата мраз која моментално не се движи, во можна силна бура може да се придвижи, да почне да се крши и да предизвика цунами.

Инаку, минатата година домовите во северозападниот дел на островот Гренланд останаа под вода поради високите бранови предизвикани по земјотрес, при што загинаа 4 лица.

Автономната област Гренланд која е поврзана со Кралството Данска, е најголемиот остров во светот, со површина од 2 милиона и 166 илјади километри квадратни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın