Ekipa
16 Јули 2018•Ажурирај: 17 Јули 2018
ТРИПОЛИ (АА) - Во контејнер за транспорт, во северозападна Либија, се задушија 8 мигранти, меѓу кои и 6 деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што информираше Националниот директорат за безбедност во градот Зуара, во контејнерите се пронајдени уште 90 мигранти кои биле во критична состојба и се хоспитализирани.
Во соопштението се вели дека мигрантите се од арапските и африканските земји, како и од Пакистан и Бангладеш.
Директоратот истакна дека мигрантите биле заклучени во контејнерот подолго време.
Либија претставува главна транзитна рута за африканските мигранти кои бараат начин да стигнат до Европа, особено во Италија.
Уште од падот на либиската централна власт во 2011 година, северозападното крајбрежје на земјата стана средиште на илегалната миграција кон Италија и кон други дестинации во Европа.