свет

„Самитот, прв чекор кон подобрување на односите помеѓу Русија и САД“

„Самитот со американскиот претседател Доналд Трамп е прв чекор кон подобрување на односите меѓу двете земји“

Ekipa  | 16.07.2018 - Обновена : 17.07.2018
„Самитот, прв чекор кон подобрување на односите помеѓу Русија и САД“

Helsinki

ХЕЛСИНКИ (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин, по историскиот самит со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, во Хелсинки, истакна дека на состанокот со американскиот лидер е важен чекор кон подобрување на односите меѓу Русија и САД, јавува Anadolu Agency (АА ).

„Самитот со американскиот претседател Доналд Трамп е прв чекор кон подобрување на односите меѓу двете земји“, рече Путин на заедничката прес-конференција. 

Тој истакна и дека Русија никогаш не се мешала во внатрешните работи на САД, како што претходно тврдеа одредени официјални претставници и медиуми. 

„Русија никогаш не се мешала во внатрешните прашања на САД, вклучувајќи го и изборниот процес, ниту пак сака да се меша“, рече Путин. 

Американскиот претседател Трамп на прес-конференцијата истакна дека Самитот на САД и Русија минал многу добро. 

„Нашите односи никогаш не биле полоши отколку сега. Меѓутоа, сето тоа се промени пред само четири часа. Јас навистина верувам во тоа“, изјави Трамп, повторувајќи дека односите меѓу САД и Русија се подобрени за време на самитот.

„Подобро би преземал политички ризик во потрага по мир, отколку да ризикувам мир додека се занимавам со политика“, рече Трамп. 

Тој нагласи дека соработката на Русија во врска со прашањето за Сирија, како што рече, би можела да спаси стотици илјади животи, додавајќи дека Русија како и САД, сака да направи одредени работи во врска со прашањето за Сирија, а кои се однесуваат на безбедноста на Израел.

„Претседателот Путин, исто така, му помага на Израел. Двајцата разговаравме со Бенјамин Нетанјаху, а и тие исто така сакаат да направат одредени работи по прашањето за Сирија во однос безбедноста на Израел“, изјави Трамп.

Во главниот град на Финска, Хелсинки, денес се одржа историски состанок на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега, Владимир Путин.

Домаќин на самитот во Претседателската палата беше финскиот претседател Саули Нинисто, а состанокот се одржа по едночасовно чекање на пристигнувањето на Путин во Хелсинки.

Рускиот претседател и претходно доцнел на состаноците од таков вид и тоа со британската кралица Елизабета II, папата Франциско, германската канцеларка Ангела Меркел и други високи функционери.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın