свет

Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени го погоди регионот на островите Танимбар во Индонезија

Епицентарот на земјотресот е на 167 километри од градот Туал во покраината Малуку, на длабочина од 65,7 км

Amir Latif Arain  | 14.07.2025 - Обновена : 14.07.2025
Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени го погоди регионот на островите Танимбар во Индонезија

АНКАРА (АА) - Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени денес го погоди регионот на островите Танимбар во Индонезија, соопштија Германскиот центар за геоистражување (GEOFON), како и Американскиот геолошки завод, пренесува Анадолу.

Претходно, ГЕОФОН го измери земјотресот со магнитуда од 7 степени.

Епицентарот на земјотресот е на 167 километри од градот Туал во покраината Малуку, на длабочина од 65,7 км.

Засега нема пријавени жртви или инфраструктурна штета.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın