Bilal Güler
21 Мај 2021•Ажурирај: 23 Мај 2021
АНКАРА
Земјотрес со интензитет од 5 степени се почувствува во иранската покраина Бушер, на брегот на Персискиот Залив, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за сеизмологија на Универзитетот „Техеран“ соопшти дека земјотрес со епицентар во местото Гунаве е почувствуван во 16:22 часот по локално време.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 8 километри.
Засега нема информации за евентуални човечки жртви или повредени. Во тек се активности за одредување на штетата предизвикана од земјотресот.