Emel Öz
21 Мај 2021•Ажурирај: 23 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Во Индија починаа 219 лица од мукормикоза, болест на очите, позната како „црна габа“, за која се претпоставува дека е предизвикана од Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на индиските медиуми, забележан е раст на лица инфицирани со „црна габа“ која се појавува кај луѓе кои во последниот период во земјата оздравеле од Ковид-19.
Властите нагласија дека досега кај 7.250 лица се појавила мукормикоза, и дека 219 лица починале како резултат на оваа болест.
Поголемиот дел од случаите се забележани во сојузните индиски држави Махараштра, Теленгана, Одиша, Карнатака, Тамил Наду, Раџастан, Гуџарат и Харјана.
Лекарите сметаат дека е можно оваа болест да е резултат од несаканите ефекти од лекувањето поддржано со стероиди за болните заразени со Ковид-19.