Ekipa
24 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
БОГОТА (АА) - Граѓаните на Колумбија се собраа да му оддадат почит на студентот Дилан Круз, кој почина минатата година, откако беше застрелан во судирите со припадниците на колумбиската полиција во главниот град Богота, јавува Агенција Анадолија (АА).
За време на поменот, демонстрантите извикуваа слогани, држеа транспаренти и положија цвеќе, пораки и запалија свеќи во чест на Круз.
На 23 ноември 2019 година, во протестите коишто ја зафатија земјата животот го загуби 18-годишниот студент Дилан Круз, кој беше застрелан од полицијата на протестите во центарот на Богота.
Моментот беше снимен со мобилен телефон и беше споделен на социјалните мрежи каде припадник на полицискиот тим за борба против нарушување на редот (ESMAD) го застрелува Круз во главата без јасна причина.