Nuri Aydın
24 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
АНКАРА
По посетата на американскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан на Филипините, кинеската Амбасада во Манила ги обвини Соединетите Американски Држави (САД) дека се обидуваат да создадат хаос на Пацификот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Амбасадата на Кина на својата интернет-страницата објави соопштение во кое зборовите на О’Брајан ги опишува како нелогични, предупредувајќи дека е можно зголемување на тензиите во регионот.
Во соопштението на кинеската Амбасада се вели: „Ние силно се спротивставуваме на овие зборови, полни со менталитетот од Студената војна и намерно предизвикување тензија“, обвинувајќи ги САД за ‘провокативно’ однесување и обид за создавање хаос преку своите посети и иницијативи.
Се тврди дека стабилноста во Јужното Кинеско Море е нарушена од страна на САД и се истакнува дека обидите на САД во регионот не се насочени кон унапредување на регионалниот мир и стабилност, туку се направени во согласност со нивните сопствени интереси.
Во соопштението се наведува дека и Тајван и Хонгконг се внатрешно прашање и неотуѓив дел на Кина.
За време на својата посета на регионот, О’Брајан ја упати пораката „ве поддржуваме“ до Филипините и Виетнам во врска со нивниот конфликт со Кина и ја повтори поддршката за Тајван.