Gamze Türkoğlu Oğuz
20 Септември 2016•Ажурирај: 21 Септември 2016
СЕУЛ (АА) - Севернокорејската новинска агенција КЦНА јавува дека лидерот Ким Јонг Ун лично присуствувал на тестирањето на новата генерација мотори за носачи на ракети и сателити во базата Сохе, на северозападот од земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун наредил во екот на меѓународните санкции и притисоци, колку што е можно порано да се завршат подготовките за лансирање на севернокорејскиот сателит во орбитата.
Северна Кореја на 9 септември го изведе 5. тест на нуклеарна бомба со моќност од 10 килотони, што во регионот предизвика земјотрес од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Тоа беше најголемата нуклеарна проба на раководството на Пјонгјанг. Меѓународната заедница остро реагираше и ја осуди оваа нуклеарна проба, особено Јужна Кореја и САД.
- Кина и САД се согласни за заедничка соработка -
Официјален САД и Кина изразија подготвеност и одлучност заеднички да ѝ се спротивстават на Северна Кореја во обидите за развој на нуклеарна програма.
Американскиот претседател Барк Обама и кинескиот премиер Ли Кеќанг за ова прашање разговараа пред почетокот на седницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Во соопштението на Белата куќа се вели дека и двете земји ја осудиле последната нуклеарна проба што ја изврши Северна Кореја, и дека е потребно во Советот за безбедност на ОН и по легални канали да се спроведе поефикасна соработка.