Büşra Nur Yılmaz
19 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
ЕСКИШЕХИР
Турција денеска успешно го тестираше првиот домашен ракетен мотор со среден дострел (TEI-TJ300), а тестирањето во турскиот град Ескишехир го изврши министерот за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, јавува Агенција Анадолија (АА).
Варанк пред свечената церемонија во фабриката за моторна индустрија ТУСАС во Ескишехир, беше информиран за ракетниот мотор од генералниот директор на ТУСАС, Махмут Аксит, по што официјално започна тестирањето.
Во обраќањето по успешното тестирање на моторот кој го развија турските инженери, Варанк порача дека ова е многу важен чекор во областа на турската одбранбена индустрија.
„Денес го извршиме палењето на турбо-млазниот мотор наречен TJ300, развиен со поддршка на ТУБИТАК. Овие мотори се дизајнирани за употреба во ракетни бродови со среден дострел“, изјави Варанк, и додаде:
„Иако TJ300 е со прилично мал дијаметар, тој е мотор што може да работи со 1.300 њутни и да произведува приближно 400 коњски сили. Овој мотор првично беше дизајниран за употреба на бродски ракети со среден дострел, но може да се користи и на други платформи.“
Тој нагласи дека овие постројки имаат многу значајна инфраструктура поврзана со моторите на авионите и дека делата на турските инженери се причина за гордост на Република Турција.
Варанк исто така нагласи дека и севкупното тестно опкружување е од домашно производство.
„Можете да го направите производот, но доколку немате тестно опкружување и ако мора да го купите во странска земја, а таа земја не ви го испорача, тогаш не сте во состојба да извршите дури ни тестирање“, појасни Варанк.
Ракетниот мотор со национален дизајн е способен да дејствува со големи брзини до 90 отсто со брзина на звукот, на надморска височина од 5.000 стапки. Моторот со национален дизајн има способност за работа под крилен ветер без потреба за стартно придвижување.
Ракетниот мотор е дизајниран така за да им одговара на воздушните, поморските и копнените одбранбени системи поради строгите ограничувања во својата големина.