Турција

Турција основа вселенска агенција, 20-годишниот сон стана реалност

Турската вселенска агенција ќе ја подготви и ќе ја спроведува Националната вселенска програма, во согласност со политиките утврдени од претседателот на Турција

Hamdi Çelikbaş  | 13.12.2018 - Обновена : 14.12.2018
Турција основа вселенска агенција, 20-годишниот сон стана реалност

Ankara

АНКАРА (АА) - Службениот весник на Турција денес го објави претседателскиот указ, соопштувајќи го формирањето на Турската вселенска агенција, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според указот, Турската вселенска агенција ќе ја подготви и ќе ја спроведува Националната вселенска програма, во согласност со политиките утврдени од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Агенцијата ќе има финансиска и административна автономија, како и посебен буџет.

Агенцијата, која ќе биде дел од турското Министерство за индустрија и технологија, ќе подготвува среднорочни и долгорочни стратешки планови за вселенските и воздухопловните науки и технологии, за основните принципи и пристапи, цели и приоритети и критериуми при нивната изведба.

Освен тоа што распределбата и координацијата на активностите во национални рамки и пред Меѓународната унија за телекомуникации (ITU) ќе бидат водени од страна на органот за информатички технологии и комуникации, Агенцијата ќе ги има ингеренциите и националните суверени права поврзани со вселенските летала и вселенските системи.

- Координација со национални и меѓународни организации -

Агенцијата ќе биде задолжена за спроведување и координација на комерцијални, научнo-истражувачки развојни вселенски операции со или без екипаж за пристап во вселената или операции за истражување на вселената, како и во планирањето, проектирањето и работата околу потребниот дизајн, производство и интеграција и спроведување потребни тестови на средства за лансирање и системи, воздухопловни летала, симулатори, вклучувајќи и вселенски платформи, и секој видов производ од аеронаутиката, меѓу кои и вселенски системи, објекти и возила.

Во август, министерот за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, истакна дека Турската вселенска агенција ќе биде основана оваа година, како што е утврдено во 100-дневниот акционен план на Турција.

„Активностите за формирање на турската вселенска агенција ќе бидат завршени што е можно поскоро“, истакна Варанк.

Додаде дека новата агенција ќе го поплочи патот за формирање конкурентна домашна индустрија.

„Ние ќе ја формираме турската вселенска агенција со цел да ја зајакнеме нашата аеровселенска индустрија, да ја подобриме научната инфраструктура и човечките ресурси во областа на вселенската технологија, и понатаму да ги зајакнеме нашите капацитети и можности.“

„Агенцијата, исто така, ќе тежнее кон мултилатерална и билатерална соработка со своите меѓународни колеги, заштитувајќи ги правата на Турција во Обединетите нации“, додаде Варанк.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.