Şahin Oktay
13 Декември 2018•Ажурирај: 15 Декември 2018
КОЏАЕЛИ (АА) - ШАХИН ОКТАЈ -
Павилјонот, изграден во 1898 година, по повод посетата на германскиот император Кајсер II Вилхелм, во подрачјето на Хереке, во турската област Коџаели, му пркоси на времето и ја зачувува својата величественост, пишува Anadolu Agency (AA).
Овој историски павилјон, кој е изграден пред посетата на германскиот император Вилхелм и неговата сопруга Аугуста Викторија во Хереке, со својата архитектура и внатрешноста ги восхитува локалните и странските посетители.

Во изградбата на павилјонот кој е изграден од дрво, не се употребувани метални клинци. Бројните врати од кои едни се отвораат кон морето, а другите кон копното, го прават дизајнот доста интересен.
Павилјонот се состои од три дела, а украсените ѕидови го привлекуваат вниманието на посетителите.

Овој павилјон е опремен со мебел донесен од палати, а во него се користени и вредни нешта донесени од европските земји, како пијано, шпорет од порцелан, вазни и акварелна слика.
Волкан Шенел, историчар и писател, во изјава за АА истакна дека овој павилјон е изграден по повод посетата на германскиот император Вилхелм во Турција, во чии рамки тој ја посетил фабриката за свилени ткаенини и теписи во подрачјето на Хереке во Коџаели, која добила бројни награди на натпревари и изложби во Европа.

Шенел информираше дека во павилјонот се наоѓаат специјално ткаени теписи во оваа фабрика. Според него, овој павилјон го привлекува вниманието на германските туристи кои ја посетуваат Турција, а во последниот период е забележан пораст на овие посети.
Шенел нагласи дека павилјонот, специјално изграден за сместување на германскиот император и неговата сопруга, има особено значење од аспект на историјата на уметноста и архитектурата.