Ekipa
13 Декември 2018•Ажурирај: 13 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Во раните утрински часови брз воз на турската железница кој се обраќал на релацијата Анкара - Коња, при влез на железничката станица Маршандиз се судри со локомотива што се наоѓала на истиот колосек, јавува Anadolu Agency (AA).
Во несреќата во која брзиот воз се судри со локомотивата која извршувала контрола на патот, животот го загубија 9 лица, од кои 3 машинисти, додека 47 лица се повредени.
- Турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Турхан: „Директен судир на возот и локомотивата“ -
По настанот, на местото на несреќата пристигна министерот за транспорт и инфраструктура, Џахит Турхан.
Тој по спроведената истрага даде изјава за медиумите. „Во железничката несреќа животот го загубија 9 лица, од кои 3 машинисти. Повредени се 47 лица, кои се наоѓаат на лекување. До несреќата дошло при директен судир меѓу брзиот воз кој тргнал во 6:30 часот и локомотивата која околу 6:36 часот се враќала од контролата на патот“, изјави министерот Турхан.
Се дознава дека во возот се наоѓале вкупно 206 патници.
Министерството формираа кризен штаб, а на местото на несреќата е испратена тричлена екипа на Одборот за истражување и анализа.
- Истрага во врска со несреќата -
Јавното обвинителство на Анкара започна истрага во врска со железничката несреќа што се случи во главниот град на Турција.
Во соопштението што го даде Обвинителството, се вели „Јавното обвинителство на Анкара започна истрага во врска со железничката несреќа на брзиот воз на турската железница во железничката станица Маршандиз.“
Во истрагата се ангажирани тројца републички обвинители.