Турција

Бангладеш ги пофали напорите на Турција за кризата на Рохинџите

- Генералниот конзул на Бангалдеш, Мохамад Монирул Ислам, денес во Истанбул ги пофали билатералните односи со Турција и поддршката што Анкара ја дава по настаната криза со Рохинџите

Nilay Kar  | 12.12.2018 - Обновена : 13.12.2018
Бангладеш ги пофали напорите на Турција за кризата на Рохинџите

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Генералниот конзул на Бангалдеш, Мохамад Монирул Ислам, денес во Истанбул ги пофали билатералните односи со Турција и поддршката што Анкара и ја дава на земјата во којашто се случува кризата со Рохинџите, јавува Anadolu Agency (AA).

Зборувајќи на Универзитетот „Ускудар“ во Истанбул на одбележувањето на 47. Ден на победата на Бангладеш, Монирул Ислам изјави: „Нашите односи со Турција се многу добри. Ние меѓусебно се нарекуваме братски земји“.

„Бангладеш сака да ги одржи односите со Турција не само на политичко ниво, туку исто така и на академско ниво“, изјави Ислам, нагласувајќи ја желбата на неговата земја да направи студентска и академска размена меѓу двете земји.

Тој, исто така, ја пофали поддршката на Турција за неговата земја, велејќи дека ѝ се заблагодаруваат на Турција за нејзината поддршка во кризата со Рохинџите.

Минатиот месец, комисијата на ОН со големо мнозинство ја одобри резолуцијата поддржана од Турција, остро критикувајќи ги постојаните прекршувања на човековите права и злоупотреба на Рохинџите.

Турција ja спонзорираше резолуцијата во име на Организацијата за исламска соработка (ОИС) и Европската Унија.

Резолуцијата изрази длабока загриженост дека насилството од страна на мјанмарската Војска против Рохинџите натерала над 750.000 лица да го напуштат Бангладеш од август 2017 година навака.

Турската Црвена полумесечина, (Kizilay) исто така им понуди значителна помош на загрозените Рохинџа муслимани, вклучувајќи засолништа, храна, облека и предмети за лична нега.

Од 2012 година, а особено од август 2017 година, агенцијата има доставено над 40 милиони турски лири (над 7,5 милиони долари) хуманитарна помош за Рохинџите.

Рохинџите, кои ОН ги нарекува најзагрозено национално малцинство на светот, се соочени со зголемен страв од напади со оглед дека десетици лица се убиени во насилните настани во 2012 година.

ОН документираше бројни силувања, убивања (вклучувајќи и убиства на бебиња и помали деца), брутално физичко насилство и исчезнување што го извршија припадниците на безбедносните сили на Мјанмар. Во извештајот, истражувачите на ОН истакнаа дека ваквите злосторства можат да се сметаат за геноцид или злосторства против човештвото.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın