свет

„Прашањето за Рохинџите не е парадигмата муслимани против будисти“

„Рохинџите не се борат против ниту една заедница, ниту против властите. Тие сакаат да живеат во Бурма мирно, исто како и сите останати“

Ekipa  | 07.07.2020 - Обновена : 08.07.2020
„Прашањето за Рохинџите не е парадигмата муслимани против будисти“

АНКАРА/ЛОНДОН (АА) - МЕХМЕТ ОЗТУРК / ИФТИХАР ГИЛАНИ / СОРВАР АЛАМ/ АХМЕТ ГУРХАН КАРТАЛ -

Маунг Зарни (56), Научникот и активист, Маунг Зарни (56), познат по неговото спротивставување на насилствата во Мјанмар и неговата поддршка на Рохинџите, истакна дека бурманската Војска го искористува стратешкото ривалство меѓу Кина и Индија и за геноцидот врз Рохиџите ја обвинува кампањата на омраза водена од страна на институциите.

Роден во бурманско будистичко семејство, Зарни вели дека во неговата земја, преку училиштата, медиумите и будистичките организации создадена е кампања против Рохинџите во која доминира едно непознавање на работите, што на крајот кулминираше со геноцид.

„Бурманската јавност не е запознаена со фактите за исламот и муслиманите“, рече Зарни во разговорот со Агенција Анадолија (АА).

Коосновачот на „Free Rohingya Coalition“ и „Forces of Renewal Southeast Asia“, кој живее во Велика Британија, вели дека нема причини Владата на Бурма како цел да ги има Рохинџите, бидејќи тие не бараат отцепување, независност, ниту пак регионална автономија.

„Рохинџите не се борат против ниту една заедница, ниту против властите. Тие сакаат да живеат во Бурма мирно, исто како и сите останати“, рече тој.

Нагласи дека будистите од Аракан (област во Мјанмар, Бурма) се тие што се борат против централната власт на етничките Бурманци за да го повратат својот суверенитет, кој го изгубиле пред 200 години.

Зарин вели дека Рохинџите се ставени во „сендвич“ меѓу двете спротивставени будистички партии.

„Тоа е единствениот конфликт таму“, рече тој, додавајќи дека светот не ги знае овие факти за Мјанмар и има тенденција да се фокусира на парадигмата за муслиманите против будистите.

Активистот нагласува дека бурманската Војска го искористила стратешкото ривалство помеѓу Кина и Индија во регионот.

„Во проектите вредни повеќе милијарди долари долж крајбрежјето на Аракан, или давањето на концесии за права врз минералните ресурси или правата за истражувања на природен гас, ќе препознаете модел на бурманската Војска со кој се осигурува дека и Индија и Кина добиле по нешто. Значи, со други зборови, додека тие ги ставаат во игра Индија и Кина една против друга, тие исто така се обидуваат да ги задржат придобивките да бидат пријатели или сојузници и со двете сили, појасни тој.

- Коренот на стравот и омразата е во незнаењето -

Агенција Анадолија: Како активист кој бил во првите редови против расната дискриминација, како гледате на сегашната побуна (немири) поради бруталното убиство на Џорџ Флојд и поврзаноста со надмоќта на белците во САД, Велика Британија и со стариот европски колонијализам? И, дали постои парадокс на таканаречените европски вредности за човекови права?

Маунг Зарни: Тоа е она што ја поттикна побуната. Но, мислам дека тоа е повеќе од побуна затоа што предизвика нова глобална свест кај луѓето кои не припаѓаат на црната раса, дека нешто фундаментално не е во ред, и дека тоа треба да се промени.

Надмоќта на белците е една деструктивно штетна идеологија, за институциите, за историите и структурите и практиките на дискриминација, експлоатација, грабеж и земање територии.

Трансатлантската трговија со робови траеше 350 години. Сите водечки европски земји, Франција, Велика Британија, Португалија, Шпанија, Холандија, кои денес се поборници за човековите права и либерализмот, беа вклучени во трговијата со робови во САД, Карибите и Бразил.

Овие водечки европски сили ја ограбија Африка од нејзините најскапоцени ресурси. Тоа не се дијамантите, златото или бакарот, туку тоа се луѓето.

Денес сме сведоци на немири и грабежи во Њујорк и на други места и се чувствуваме непријатно. Водечките европски земји ја ограбија Африка од нејзиното население, го претворија во предмет на трговија, оковано во бродовите. Трговијата со робови беше одобрена од Католичката црква и европските владетели.

Богатството на Европа, сите прекрасни градови во Европа, Париз, Амстердам, Прага, се градени врз труповите и трудот на луѓето кои не се од Европа.

АА: Омразата води кон расизам, а тој пак води кон изолирање, што во историјата често резултира со геноцид. Рохинџите го искусија сето ова. Колку е овој феномен поврзан со глобалните настани што се случуваат во Израел, во однос на Палестинците и изградениот ѕид. Што води кон тоа една заедница да се чувствува посупериорно во однос на другите, како белците на Западот, или Евреите во Израел? Колонијалните сили веќе не постојат, но прашањето е зошто колонијалниот начин на размислување сè уште е жив и постои? Кој го храни?

МЗ: Мислам дека коренот на стравот и омразата се во незнаењето. Незнаењето не е нешто што доаѓа природно. Тое се „учи“ во училиште, се промовира од демагошки политичари, се пропагира од верските водачи и се интензивира од медиумите.

Значи, сите овие институции се вклучени во правењето на јавноста неука и неинформирана.

Јас сум бурмански будист од Мјанмар. Живеев таму. Ние бевме неуки за фактот дека Рохиците припаѓаат на Бурма. Бурманските будисти подложни на пропагандата на бурманската Војска уште од 1960-тите години беа насочувани кон тоа да не ги сакаат бурманските муслимани, без разлика дали се етнички Рохинџи, или Гуџарати или други кои пред многу векови мигрирале во Бурма.

Бурманската Војска континуирано и систематски се занимаваше со пропагирање исламофобија: Муслиманите се лоши и зли, а исламот е инвазивен и има освојувачка идеологија, дека тие ќе ја уништат будистичката земја и начинот на живот според Буда.

Затоа, ние, бурманската јавност, сме неуки за фактите поврзани за исламот и муслиманите. Муслиманите сакаат мир исто како и сите други, христијани, будисти или хиндуисти. Поради оваа наметната неукост, Бурманците сакаат да се ослободат од Рохинџите и да ги дискриминираат и прогонат другите муслимани.

Исто така, постојат и економски придобивки кои произлегуваат од геноцидот врз Рохинџите. Секој геноцид им користи на убијците, на сторителите. Ако ја погледнете нацистичка Германија, кога нацистите масовно ги истребуваа германските Евреи, сè што им припаѓаше на жртвите, беше конфискувано од страна на убијците - земјата, објектите, богатствата од секаков вид, вклучувајќи накит, злато, уметнички предмети, дури и чевли!

Исто така, бурманската Војска и политичката држава ги зедоа напуштеното земјиште, магацините, оризовите полиња, неуништените градби и друго.

- Рохинџите не се борат против властите ниту против која било заедница -

АА: Од 14 провинции во Мјанмар 11 се зафатени во една или друга форма на несогласување или борба. Аракан е единствената провинција во која конфликтот достигна општи размери. Зошто е тоа така?

М.З: Во врска со Рохинџите, тука немаше конфликт. Бидејќи геноцидите не спаѓаат во конфликти. Рохинџите не се борат со ниту една заедница, ниту со властите. Рохинџите сакаат да живеат во Бурма мирно како и сите други. Тие не бараат независност или регионална автономија - само основните права, граѓанските права и рамноправно државјанство што ги загубија во рацете на бурманската држава.

Значи, конфликтот во Аракан е всушност меѓу араканските будисти кои го загубија своето старо кралство пред 200 години и бурманските будисти кои управуваат со центарот. Тоа е единствениот конфликт таму. Араканските будисти водат вооружена борба против бурманските будисти.

АА: Ова е нешто ново. Но, прашањето е зошто светот не знае дека таму има други вооружени движења на отпор и други конфликти во Мјанмар?

МЗ: Затоа што западните медиуми сакаат да се фокусираат на парадигмата муслимани против будисти. Тие сакаат да го искористат овој наратив на религиозен конфликт - или „судир на цивилизации“, ако сакате, што се вклопува во рамките на една поголема исламофобија која се провлекува низ западните медиуми - секогаш каде што има ислам, има војна, конфликт и самоубиствени напади.

Но, во случајот со Бурма, во случајот со Рохинџите, насилството е извршено не од муслиманите, туку од Војската на Бурма и будистичкото мнозинство.

АА: Во речиси една четвртина од Мјанмар се присутни една или повеќе етнички вооружени организации и повеќето од нив практикуваат будизам. Зошто „секирата“ на централната власт паѓа само врз Рохинџите во државата Аракан?

МЗ: Во Аракан има колонијална ситуација во вид на триаголник. Од една страна, муслиманите Рохинџа го делат регионот на Аракан како сожители со араканските будисти. Целото крајбрежје на античкото кралство Аракан е колонија на бурманските будисти. Рохинџите се ставени во „сендвич“ помеѓу бурманските будисти во центарот и араканските будисти. Центарот осигура овие регионални муслимански и будистички заедници да останат поделени. Значи, ова е класична колонијална политика од страна на бурманските будисти и Војската против две заедници кои се подеднакво колонизирани од Бурма. Затоа, овој хоризонтален или општ конфликт во Аракан е активно поттикнат од колонијалниот бурмански центар.

Скоро секоја етничка заедница, која има парче земја што тие ја нарекуваат земја или регион на нивните предци, се има побунето против централната бурманска контрола, воена или цивилна, од времето на независноста од Велика Британија во 1948 година. Главната причина за широкораспространетиот вооружен етнички бунт или револт против централната власт во Бурма е заради кршењето на принципот на етничка еднаквост во рамките на она што беше ветено да биде федерација на различни етнички заедници.

Тоа е она што предизвика широкораспространети етнички вооружени побуни во сите не-бурмански региони. И запомнете, Бурма е мултиетничка земја која граничи со околу пет различни земји, меѓу кои и со големите Кина, Индија и помалите како Бангладеш, Тајланд, Лаос. Сите овие погранични области им припаѓаат на етничките малцинства. Уште поважно, овие гранични територии се воено стратешки за Војската на Бурма. Тие се користат како тампон зони, овие региони се богати со тиково дрво, земјоделско земјиште и минерали како злато, титаниум, жад, бакар.

Во крајбрежниот регион на Аракан се наоѓа едно од 10-те најголеми наоѓалишта на природен гас во светот. Значи, постојат економски елементи и воени елементи како мотиви за начинот на третирање на овие етнички заедници од страна на бурманската Војска, како да се нејзини и колонии на мнозинството Бурманци, како што сум јас. 

- Бурманската Војска насочена против Рохинџите -

АА: Но, повторно прашањето e зошто ги издвојуваат Рохинџите доколку имаат проблеми и со останатите заедници?

МЗ: Постојат две причини. Рохинџите се муслимани и живеат до една од најголемите муслимански земји во светот, Бангладеш. И преку очите на бурмарската Војска, Бангладеш е помала земја по површина во споредба со Бурма, но сепак, населението во Бангладеш е трипати помногубројно од Бурма. Популацијата на Бурма брои 53 милиони, вклучувајќи ги и Рохинџите, а населението во Бангладеш брои околу 160 милиони.

Поради таа причина, бурманската Војска стравува дека Бангладеш ќе го насочи муслиманското население кон Аракан и дека тие ќе го преземат подрачјето, користејќи ги Рохинџите како застапници. Инаку, претходната генерација на бурмански воени лидери, вклучително и мојот правујко, ги прифати Рохинџите како наш етнички народ. Во средината на 1960-тите, генералот Не Вин и неговите заменици во Војската одлучија дека прво мора да се ослободат од Рохинџите, за да бидат на сигурно дека Рохинџите во мјанмарската држава Аракан не може да станат застапници кои ќе го зајакнат интересот на Источен Пакистан, тогашното име на Бангладеш пред 1971 година. Рохинџите оттогаш се издвојуваат за оваа геноцидна политика од страна на Војската.

АА: Што е со другите муслимански заедници кои живеат во други делови од Мјанмар?

МЗ: Имаме вкупно околу 16 различни муслимански заедници, но само Рохинџите се предмет на овој пример за геноцид од учебниците. Не постои основен пример од учебник за етничко чистење затоа што нема учебници напишани за етничко чистење, само за геноцид. Рохинџите живеат на стратешко парче земја што легитимно го нарекуваат своја земја од предците, точно на територијата помеѓу Бурма и Бангладеш.

Ако сте биле во подрачјето на Рохинџите од страната на Бангладеш, Читагонг или Кокс Базар, најголемиот бегалски камп на Рохинџите во светот, ќе забележите дека географскиот предел е воедначен. Планинските масиви и реките се беспрекорно поврзани со Аракан. Покрај тоа, подрачјето во еден период беше една единствена културна, демографска и економска заедница.

АА: Како и во другите региони, Индија и Кина се борат за стратешка превласт во Мјанмар. Индија сака да го заврши амбициозниот мултимодален проект Каладан вреден 484 милиони долари кој завршува на пристаништето во Аракан, така што и Кина е вклучена во голем дел. Дали оваа војна на интереси влијае на Рохинџите во регионот?

М.З: Секако. Поради ова стратешко ривалство, бурманската Војска успеа да ги стави во игра Кина и Индија една против друга. Мултимилионските или проектите вредни повеќе милијарди долари долж крајбрежјето на Аракан, или како давање на концесии за правата на црпење на минералите или права за истражување на природниот гас, ќе препознаете модел на бурманската Војска со кој се осигурува дека и Индија и Кина добиле по нешто. Значи, со други зборови, додека тие ги ставаат во игра Индија и Кина една против друга, тие исто така се обидуваат да ги задржат придобивките да бидат пријатели или сојузници и со двете сили.

- Западните земји се натпреваруваат во регионот на Аракан -

АА: Кои се другите земји кои се натпреваруваат за природните ресурси во земјата?

МЗ: Има западни земји кои се натпреваруваат во регионот на Аракан. Ако ги погледнете најголемите пет инвеститори, инвестирани се стотици милиони долари од секоја земја посебно. Ќе видите богати азиски земји, како Сингапур, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван, некои се од Хонг Конг, односно Кина, а тука е и Индија.

Потоа ќе ги слушнете овие западни влади како зборуваат за кршењето на човековите права, па дури и како изразуваат загриженост за геноцидот што се врши, како што е Велика Британија која добро ја познавате, или Норвешка, која што се претставува себе си како земја која извезува мир или мирољубива земја. Но, Норвешка исто така се натпреварува во истражувањето на гас во крајбрежјето на Аракан.

Значи, во самиот Аракан, ако се фокусирате на правата за црпење на минералите, на истражувањата на природниот гас и нафтата под морето, ќе идентификувате околу 15 различни инвеститори - земји кои се натпреваруваат да останат пријателски расположени кон Владата на Бурма.

Тоа е така бидејќи бурманската Војска и Владата на Аунг Сан Су Ќи ги контролира овие проекти вредни милјарди долари. Тие контролираат кој што ќе добие.

Мислам дека не можеме да зборуваме за геноцидот на Рохинџите или за прогонот на муслиманите во Бурма без да зборуваме за западните и азиските инвеститори кои доаѓаат да инвестираат во инфраструктурни проекти или да инвестираат во индустрискиот земјоделски развој или во мултимодални пристанишни проекти.

Не можеме да се фокусираме само на зборувањето за убивањата на муслиманите, на Рохинџите, од страна на воените трупи на Бурма, на протерувањето на еден милион Рохинџи од земјата во текот на изминатите 10 години. Мора да зборуваме и за овој капиталистички натпревар. Затоа, не ја гледам доблеста на Велика Британија или на САД, или пак на Европската Унија кога велат дека се загрижени за состојбата на Рохинџите или на хуманитарната криза на бегалците.

И тие имаат крв на своите раце преку нивните инвестиции во Аракан, и во Бурма како целина. Не можеме да ги разделиме тие две работи. Ова е истата ситуација што ја имавме во 1930-тите и 1940-тите години во нацистичка Германија.

АА: Меѓународниот суд на правдата (МСП) нареди мерки за спречување на геноцидот врз Рохинџите. Кое е значењето на одлуката на МСП за заедницата на Рохинџите?

МЗ: Се претпоставува дека на крајот на оваа правна постапка ќе има доволно докази што ќе покажат дека Мјанмар го наредил геноцидот. Мислам дека најзначајната придобивка е тоа што МСП одреди дека Рохинџите се оквалификувани како заштитена група според меѓународното право.

Меѓународниот суд на правдата во јануари ги одреди своите мерки во рамките на кои Рохинџите се сметаат за заштитена група според Конвенцијата за геноцид. И друга битна работа е дека Мјанмар е принуден да се појави на судот во Хаг. Самата Аунг Сан Су Ќи и други високи функционери мораа да одговораат пред МСП. Меѓународниот суд нема армија ниту моќ да спроведува каква било пресуда што ќе произлезе на крајот од процесот. Кога на една држава и се суди, се овозможува на активистите за човекови права, особено за Рохинџа бегалците, да водат кампања за ставање крај на овој геноцид.

Значи, постојат три главни придобивки или можеби и прогрес што е постигнат имајќи го овој случај пред МСП.

- Одлуката на Меѓународниот суд на правдата ќе спречи идни масовни убиства -

АА: Што е следно сега? Мислам, колку овие мерки можат да ја ублажат болката на овие луѓе? 

МЗ: Знаете дека Мјанмар го достави извештајот што беше баран како дел од мерките. До истекот на првите четири месеци, на Мјанмар и беше наложено да го достави извештајот до Меѓународниот суд на правдата, во кој ги презентира конкретните мерки што Мјанмар ги презеде во согласност со наложеното. Има две категории на она што е наложено. Едно е зачувувањето на она што се вели место на злосторството на едно огромно подрачје. Тоа се однесува на зачувување на доказите, земјиштето, имотот.

Другото е заштитата на Рохинџите кои остануваат во земјата, кои се проценуваат на околу половина милион.

АА: Повторно се поставува прашањето дали овие мерки ќе ги ублажат и ќе стават крај на насилствата?

М.З: Ќе кажам дека има потенцијал да ги ублажи идните масовни убиства. Мјанмар уби голем број Рохинџи во различни бранови на организирано насилство на Војската, а не од населението на Аракан. Араканците вистина се приклучуваа кон бурманските трупи, но првичните убиства и силувањато и грабежите ги направија властите. Значи, кога Владата ќе биде пред Меѓународниот суд на правдата, нејзините трупи нема да бидат во позиција како што беа претходно, да организираат друг бран убиства.

Точно е дека тие не ја имаат вратено својата политика и овие политики се преточени во закон, на пример, законот за државјанство. Значи, сметам дека имаме уште долг пат. Но, кога станува збор за блиската иднина, не гледам дека владините трупи во Мјанмар би организирале нов бран масовни убиства, како што направија во 2017 година.

АА: Вие сте будист, но ги поддржувате Рохинџа муслиманите. Зошто нема многу луѓе како вас во Мјанмар кои истапуваат за да им помогнат на прогонуваните?

МЗ: Јас сум будист културно и мојата филозофска ориентација е будистичкиот мајндсет. Но, јас не ги поддржувам Рохинџите оти се муслимани, туку ги поддржувам како пријатели Бурманци и уште поважно, како сограѓани. Се разбира, јас исто така ги поддржувам и Палестинците, отворено ги поддржувам и Ујгурите. Јас активно ги поддржувам и другите угнетени заедници. Бидејќи се поистоветувам себеси со нив како човек.

АА: Зошто нема сочувствување кон Рохиџите во граѓанското општество во Мјанмар?

МЗ: Има сè поголем број на млади бурмански будисти, па дури и монаси, кои ги поддржуваат Рохинџите. Некои од нив се плашат. Знаете, не сакаат да бидат цел на насилните расисти. Значи, стравот ги задржува овие поотворени будисти. Бев вклучен во создавањето на оваа мрежа на будисти и други муслимани кои не се Рохинџи, како и христијани и хиндуси, да се спротивстават на она што им се прави на Рохинџите. Имаме мрежа, односно мрежи на активисти од повеќе религии кои велат дека Рохинџите припаѓаат овде. Но, нивните гласови се потиснати од познатите луѓе како Аунг Сан Су Ќи и моќните воени генерали или влијателни монаси. Затоа не ги слушаме нивните гласови онолку колку што ги слушаме гласовите на убијците.

- Смртни закани и планирање убиства - 

АА: Кое беше вашето искуство откако се одлучивте за идејата да ги поддржите Рохинџите? Слушнавме дека сте отпуштени од Универзитетот „Брунеј“ кој е под притисок на мјанмарската Влада.

МЗ: Почнав да пишувам во врска со ова прашање од ноември 2011 година, околу шест месеци пред првиот бран масовно организирано насилство врз Рохинџите во Аракан. Го видов она што научниците го нарекуваат расистичка мобилизација на јавното мислење против малцинска група. Па така почнав да размислувам во врска со опасноста од оваа мобилизација, бидејќи ги набљудувам Бурманците преку виртуелни простории за разговор и преку социјалните медиуми.

Обично добивам негативни реакции од бурманските институции. Исто така доброволно дадов отказ на Универзитетот „Брунеј Дарусалам“ во јануари 2013 година кога администрацијата на Универзитетот ми рече да замолчам, да не разговарам со медиумите, да не се појавувам на телевизија во Сингапур или други места.

Тие го одбија моето барање за заминување, да одам и да предавам за геноцидот врз Рохинџите. Почнав да зборувам за проблемите на Рохинџите во рамките на геноцидот на почетокот од 2013 година. Тие ме цензурираа, јас го поништив договорот и заминав во Малезија, каде што ми беше доделена стипендија за истражување на Универзитетот во Куала Лумпур. Таму се задржав една година и половина, Универзитетот и малезиската Влада ми пружија голема поддршка.

Се најдов под сериозна смртна закана од страна на бурманските насилници, за кои надлежните во Малезија утврдија дека се поврзани со Амбасадата на Бурма во Куала Лумпур. Затоа, се преселив со семејството назад во Велика Британија од каде што е мојата сопруга и мојот колега-истражувач. Оттогаш, постоеја серија кампањи против мене, означувајќи ме како национален предавник и непријател на државата затоа што велам дека она што мојата земја им го прави на Рохинџите е геноцид.

Стравот за мојот живот е реален. Но, тоа не ме спречува. Имаше, исто така, немилосрдни обиди за мое оцрнување, велејќи дека сум добил милиони долари од Саудиска Арабија, или богати муслимани и уште што не. И ништо од тоа не излезе вистина. Имаше и напад врз моите професионални ингеренции. Кампања дека немам докторски студии на Универзитетот во Висконсин во Медисон. Дека сум лажен научник.

Еден од внуците на починатиот диктатор Генерал Не Вин отворено ги повика бурманските воени разузнавачи да покренат специјална операција против мене, како што е израелската операција на Мосад против Адолф Ајхман. Ајхман беше фатен во Латинска Америка, доведен во Ерусалим и обесен во 1962 година. Значи, таков вид на закана добив.

АА: Постојат многу мисии на ОН за решавање на прашањето на Рохинџите. Зошто досега тие не беа во можност да извршат притисок врз Владата на Мјанмар?

МЗ: ОН се загрижени за три работи во Бурма уште од 199-1993 година кога одлучија дека Мјанмар мора да има специјален истражител за човекови права. Официјалниот термин е Специјален известувач на ОН за состојбата со човековите права во Мјанмар. Задачата беше да се известува за политичката репресија на војската против Аунг Сан Су Ќи и движењата на опозицијата во Бурма, демократите.

Другата работа беше однесувањето на Мјанмар со етничките заедници кои не се Рохинџи, во етничките регини, особено државите Шан, Карен и Карни покрај границите на Тајланд и Кина, и третата работа, но не помалку важна, беше прогонот на муслиманите.

Рохинџите во Аракан, вклучувајќи и присилна работа и различни видови на злосторства против човештвото. Геноцидот не беше јазикот што ОН го користи или го користеше во тие денови.

Тоа беше во 1993 година. ОН се ангажирани во однос на ова прашање повеќе од 25 години. Стотици извештаи се објавени и одржани се голем број на состаноци. Постои уште едно нешто - специјален претставник на ОН. Тој се обидува да преговара за конфликтот во Бурма. Но, тие не се загрижени за состојбата со човековите права.

- Само Советот за безбедност на ОН може да изврши притисок врз Мјанмар - 

АА: Кој е правилниот пристап за да се изврши притисок врз Владата на Мјанмар?

М.З: Вистинскиот притисок кој би се почувствувала бурманската Војска е активирањето на Седмото поглавје - заканата за употреба на политичка и воена интервенција при ситуација што може да се смета за дестабилизирачка.

Само Советот за безбедност на Обединетите нации  (СБОН) може да изврши вистински притисок врз војската во Бурма. Но, војската на Бурма е повеќе од убедена или убедена од уверувањата што ги доби од Кина, и во помала мера од Русија.

Кина ја искористи својата моќ за вето. Значи, Бурма ужива двојна заштита во институцијата што може да стави крај на геноцидот. Русија го смета бурманскиот третман на Рохинџите како антитерористичка операција. Кина во неколку наврати го претставуваше овој проблем на прогонството на Рохинџите како внатрешна афера.

Се разбира, од Кина може да се очекува да ја заземе оваа позиција затоа што Кина е во предгеноцидна фаза во врска со нејзиниот третман на муслиманските Ујгури.

Значи, сè додека Советот за безбедност останува поделен меѓу овластувањата за вето за бурманскиот геноцид врз Рохинџите, не може да очекува конкретен притисок од ОН како целина.

Бангладеш не може да стори многу, освен да се жали дека нема доволно притисок од меѓународната заедница.

Како резултат на оваа ситуација, Бангладеш избра да не биде строг кон Бурманците. Бангладеш знае дека без Советот за безбедност, без моќната регионална влада или воена поддршка од Дака, Бангладеш не може да направи многу.

- Турција пружа крајна поддршка -

АА: Кои беа државите за кои мислите дека покажале потпора и им помогнале на Рохинџите во политичка и финансиска смисла. Која беше улогата на Турција во поддршката на Рохинџите? 

МЗ: Во однос на финансирањето, ако ги броиме доларите, САД и Канада се придонесувачи број еден и број два за решавање на хуманитарната состојба на Рохинџите, и внатре во Мјанмар, и во камповите на Рохинџите во Кокс Базар, Бангладеш. Велика Британија, исто така, даде значителен финансиски придонес

Потоа следува Турција, која има крајно поддржувачка влада во однос на Рохинџите. Но, Турција се соочи и со одредена реакција.

Моето разбирање е дека сакаа да се изгради подобра инфраструктура во однос на сместувањето на бегалците во Кокс Базар. Но, Владата на Бангладеш не сака условите за живот да станат премногу удобни за Рохинџите. Нивната цел е да осигураат дека еден милион бегалци Рохинџи ќе се вратат во Аракан.

Светската банка исто така понуди грантови што мислам дека изнесуваат околу 500 милиони долари. Јас ги немам точните бројки.

Од тие еден милион бегалци Рохинџи околу 300.000 се деца на училишна возраст. Значи, Светската банка е со право загрижена за новите генерации на Рохинџите во однос на стекнувањето вештина да размислуваат сами или да имаат стручна подготовка. Тоа е исто така во интерес на Бангладеш, како и на другите засегнати земји со Рохинџите.

Ако целта на меѓународната заедница, почнувајќи од Бангладеш, е да ги врати Рохинџите назад во нивната земја, треба да ги поставиме прашањата.

Дали сакате Рохинџите, особено помладите генерации да се вратат во својата земја без образование, без вештини, без лидерски капацитет?

Мислам дека ова е слична ситуација што ја имавме во Камбоџа, каде „Кмер Руж“ уништи водачи, уметници, новинари и доктори. Значи, толку е важно да им дадеме можности, па тие се развиваат индивидуално како заедница. Кога ќе дојде време за враќање во нивните места на потекло, тие ќе можат да ја развиваат својата заедница.

Затоа, Турција треба да ги преземе сите напори во однос на образованието, на пример, да го зголеми бројот на студенти што им помага во рамките на Бангладеш или на турско тло.

- Будистите во Аракан покажуваат подготвеност да се помират со Рохинџите - 

АА: Бидејќи сте во контакт со луѓе на терен, каква е состојбата во моментот во Аракан, како што вели Владата на Мјанмар, нема повеќе насилство?

МЗ: Постои ескалирачки воен конфликт помеѓу будистите во Аракан кои дејствуваат под името Араканска армија и трупите на централната власт на Бурма. Армијата на Аракан е многу ефикасна како воена единица. Сакам да ги натерам читателите и публиката да разберат дека Армијата на Аракан ја водат будистите во Аракан, кои не гледаат на Рохинџите како на свој непријател.

Нивното раководство покажа волја да се помири со Рохинџите.

И, исто така, во рамките на помладата генерација во Аракан постои свесност дека тие се наведени да ги мразат Рохинџа муслиманите преку пропаганда од страна на бурманските колонизатори. Така што, се случуваат и некои позитивни работи. Кога бурманската Војска употребува тешка артилерија и врши воздушни напади против Армијата на Аракан во селата на Аракан, се разбира, Рохинџите се исто така засегнати, буквално и психички.

АА: Некои локални медиуми јавуваат дека некои Рохинџите се враќаатт од Бангладеш во текот на изминатите недели и дека четворица од нив се позитивни на Ковид-19. Дали е можно за нив да се вратат во Мјанмар?

МЗ: Во однос на Рохинџите од Кокс-Базар или околниот Текнаф во Бангладеш, морам да кажам дека границите меѓу Читагонг или Кокс Базар во Багладеш и Аракан на бурманска страна се строго надгледувани и обезбедувани од страна на пограничните трупи на бурманската Војска.

Па доколку Рохинџите доаѓаат од Бангладеш тие доаѓаат со знаење од страна на бурманската Војска.

Тоа е како Западниот Брег во Израел. Палестинците треба да поминат низ контролните пунктови за да дојдат до израелската страна за да одат и да работат во менијални работни услови. Ова се однесува и на ситуацијата во Бурма, исто така. Значи, можеби бурманската Војска дозволува мал број Рохинџи да влезат и потоа ги користи како пропагандна алатка за да каже дека Рохинџите се враќаат со Ковид-19.

Тоа е, исто така, во согласност со претставата на војската на Бурма за Рохинџите, како целина, како закана за начинот на живот на будистите, сега како закана за условите на јавно здравје во Бурма. Старите европски Евреи биле прикажувани геноцидно како „носители на болести“.

- Државната советничка на Мјанмар, Аунг Сан Су Ќи, подеднакво одговорна -

АА: Вие внимателно ја следевте Аунг Сан Су Ќи. Таа беше перцепирана како демократ, која ќе обезбеди реформи и помирување. Зошто таа стана инволвирана во прогонството на Рохинџите?

МЗ: Јас 15 години ја поддржував Аунг Сан Су Ќи, од востанието во 1988 година до околу 2004 и 2005 година. Во геноцидот на Рохинџите таа е вмешана на идеолошко ниво. Таа не ја контролира војската. Таа е под директна контрола на врховниот командант. Но, она што таа го контролира се цивилните министерства, кои исто така се вклучени во прогонот на Рохинџа муслиманите.

Геноцидот не е само колку луѓе убива бурманската Војска, колку жени Рохинџи се силувани или колку села се запалени од страна на Војската. Геноцидот во суштина се однесува на уништување на заедницата Рохинџи, вклучувајќи го и нивниот религиозен и етнички идентитет, на повеќе начини.

Затоа, уништувањето на Рохинџите како заедница вклучува негирање на пристапот до животните здравствени услуги и образованието. Рохинџите немаат пристап до примарна медицина, превентивна медицина, итна медицина. Рохинџите немаат пристап до соодветно образование. Повеќе од 100.000 Рохинџи беа ставени во, како што ги нарече „Њујорк Тајмс“, концентрациони логори во Аракан. Не зборувам за бегалците во Бангладеш, јас зборувам за оние што се наоѓаат на бурманско тло, што ги контролира Аунг Сан Су Ќи.

Секој пат кога ќе се изврши специјална операција против Рохинџите, вклучени се околу 10 различни министерства од не-безбедносниот сектор. Овие се под контрола на Аунг Сан Су Ќи. Таа е најмоќниот цивилен политички водач. Таа ја контролира партијата целосно како автократ. Уште поважно, таа е највлијателниот креатор на јавното мислење. Целото будистичко население ја нарекува „Мајка“. Значи, кога таа вели дека бурманската јавност се плаши од муслиманите како што и остатокот од немуслиманскиот свет, таа го потврдува будистичкиот страв од муслиманите, без да понуди некаква емпириска причина зошто треба да се плашиме од муслиманите.

Таа не спомена дека муслиманите се исто така жртви на западните сили. Ако го погледнете Блискиот Исток. Знаете, дури и за веме на администрацијата на Обама [администрација на САД], седум различни муслимански земји беа истовремено нападнати. Значи, кога Су Ќи ја потврдува оваа популарна исламофобија која ја прима бурманската јавност, таа ја засилува пропагандата на бурманската Војска дека муслиманите, особено Рохинџа муслиманите, се закана за националната безбедност, закана за будистичкиот начин на живот, и сега закана за јавното здравје на Бурманците.

Во тој поглед, на домашен терен, Аунг Сан Су Ќи е кривично виновна и одговорна за геноцидот. Затоа, таа е именувана во тужбата поднесена во Аргентина од Рохинџа група со седиште во Велика Британија наречена Организација бурмански Рохинџи на Велика Британија.

Некој како мене, мала личност, активистите на улица, велеше дека ова е геноцид, но никој не обрнуваше внимание. Но, кога Аунг Сан Су Ќи ќе рече, добро, погледнете, ова не е геноцид, тогаш „Њујорк Тајмс“ ќе го објави на насловната страница и ќе рече дека таа негира дека тоа е геноцид. Значи, во таа смисла, на меѓународно ниво, таа стана демант на геноцидот и бранител на убијците.

- Очекувања од соседните земји - 

АА: Како ја оценувате улогата на соседните земји како Индија и Бангладеш во решавањето на прашањето за Рохинџите, бидејќи и двете држави се домаќини на бегалци. Во Индија, често хиндуистички тврдокорни елементи создаваат немири против нив?

М.З: Во Индија, бројот на бегалци е незначителен. Индија има население од над една милијарда. Индија е дом на голема дијаспора на Тибетанци. Индија во основа им дозволи на Тибетанците да го основаат својот град Дарамшала, каде се наоѓа Далај Лама. Значи, индиското население како целина не е непријателско настроено кон бегалците. Во 1971 година речиси 10 милиони луѓе од Источен Бенгал или Бангладешанци се засолнија во Индија за период од една година, додека да можат да се вратат во својата земја.

Вкупно скоро 40.000 Рохинџи се засолнија во различни делови на Индија. Но, министерот за внатрешни работи на Индија ги нарече „термити“. Тоа е како што Адолф Хитлер, Јозеф Гебелс ги нарекуваа Евреите вируси или лебарки. Значи, ние ја имаме таа ситуација во Индија. Згора на тоа, премиерот Моди отиде во [главниот град на Мјанмар] Нејпидау во 2017 година, одржа прес-конференција со Аунг Сан Су Ќи, каде што говореше за ситуацијата со Рохинџите како за антитерористичка операција од страна на Војската на Бурма.

Во рамките на Владата на Моди, Индија одрегистрира неколку милиони муслимани во сојузната држава Асам. А потоа велат Индија ќе ги пречека будистите од Непал, Бутан и други места за да дојдат и да станат индиски граѓани.

АА: Кои се вашите очекувања од Бангладеш?

М.З: Имам свои критики за Бангладеш. Но, нема друга земја во светот што е домаќин на еден милион Рохинџи. Мојата единствена критика и моето единствено барање до властите во Бангладеш е тие да ги признаат Рохинџите со нивното име и како бегалци со одредени права што треба да се почитуваат. И, на крај, Бангладеш треба да ја укине забраната на интернетот [во камповите на Рохинџите].

Можеби има некои Рохинџи кои се вклучени во криминал, но поголемиот дел од нив се мирни, благодарни и ги почитуваат Владата и општеството на Бангладеш, како и водството на Шеик Хасина.

Мислам дека Бангладеш треба да ги третира Рохинџите како партнери во справувањето со трговијата со луѓе и ширењето на Ковид-19 во камповите. Бегалците не треба да се сметаат за потенцијална закана за Бангладеш.

АА: Која е улогата на земјите од Сојузот на држави на југоисточна Азија (АСЕАН)?

М.З: АСЕАН не успеа во спречување на ниту едно злосторство извршено од нејзина земја членка или во нејзиниот двор, започнувајќи со геноцидот во Камбоџа. Го прашав министерот за надворешни работи на Малезија [Саифудин Абдула] на состанокот во Куала Лумпур пред една година: ‘Зошто сакате да ги поддржите Рохинџите и зошто се борите за крај на геноцидот?’

Тој рече: „Како АСЕАН ние сочувствуваме со камбоџанскиот народ кога една третина од населението во Камбоџа почина или беше убиено од Кмер Руж за помалку од четири години, почнувајќи од 1975 година. Не сакаме да ја повториме грешката за да се случи друг геноцид.“ Затоа, мислам дека АСЕАН не треба да не успее во случај на друг геноцид извршен од нејзина земја членка. Но, досега не успеа во својата должност кон Рохинџите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.