Rauf Maltaş
23 Ноември 2017•Ажурирај: 24 Ноември 2017
ШАНЛИУРФА (АА) - Министерот за помош при катастрофи на Бангладеш, Мофазал Хосаи Чоудхури, изјави дека Турција прва им помогна на муслиманите од Aракан кои избегаа во Бангладеш, јавува Anadolu Agency (AA).
Делегација од Бангладеш, предводена од министерот Чоудхури, го посети Абдула Ерин, гувернерот на Шанлиурфа, Турција.
Министерот во оваа пригода истакна дека Турција често се зема како пример и потсети на големиот број сириски бегалци кои побарале засолниште во таа земја.
Тој додаде дека Турција е првата земја што им помогна на муслиманите од Aракан, кои поради насилството во Мјанмар побегнаа во Бангладеш.
„Турција и Бангладеш имаат сличности. Овде дојдоа 3,5 милиони бегалци од Сирија, а ние имаме речиси еден милион бегалци од Аракан. Нашите проблеми се слични на вашите. Се молиме муслиманите од Aракан и Сиријците да вратат во своите домови“, рече Чоудхури, кој ѝ се заблагодари на Турција за поддршката на Бангладеш во грижата на муслиманите од Aракан.
Чоудхури рече дека тие имаат големи проблеми поради недостатокот на сместувачки капацитети и очекуваат помош во решавањето на ова прашање.
Гувернерот Ерин рече дека луѓето од Бангладеш ги сметаат за браќа.
Според она што го истакна, делегацијата од Бангладеш дојде во Шанлиурфа за да разговара за начините за решавање на бегалската криза.