Duygu Yener
23 Ноември 2017•Ажурирај: 24 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Заменик на премиерот на Република Турција Хакан Чавушоглу соопшти дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ќе биде првиот претседател кој ќе престојува во посета на Грција по 65 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи дека посетата на Ердоган на Грција ќе придонесе кон унапредување на односите помеѓу двете земји, Чавушоглу рече дека темите на разговори ќе бидат три конкретни проекти, а се работи на покренување на траектна линија помеѓу Измир и Солун и изградба на брза железница помеѓу Истанбул и Солун како и проект на изградба на мост кај граничниот премин Ипсала.
„Посетата на нашиот претседател на Грција која ќе се случи во наредни денови, ќе биде на некој начин и своевидна круна на посетите на високо ниво приредени во последно време. Постојат области во кои нашата соработка не е развиена, иако се работи за соседни земји. Со цел развој на нашите односи за многу важни ги сметам билатералните состаноци на високо ниво", рече Чавушоглу.
Тој изрази уверување дека посетата на Ердоган на Грција ќе има многу позитивни ефекти на односите на двете земји.
Третиот турски претседател Џелал Бајар беше последниот претседател на оваа земја кој ја посети Грција. Тоа се случи во 1952. година.