Gamze Türkoğlu Oğuz
18 Септември 2018•Ажурирај: 19 Септември 2018
СЕУЛ (АА) - Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, пристигна во тридневна официјална посета на Пјонгјанг, каде што ќе учествува на билатералниот Самит со претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на информативната агенција „Јонхап“, јужнокорејскиот претседател Мун, на меѓународниот аеродром во Пјонгјанг беше пречекан од претседателот на Северна Кореја, Ким.
По прегратката меѓу двајцата претседатели по пристигнувањето во Пјонгјанг, тие, поздравувајќи го насобраниот народ по улиците, преминаа во државната вила за гости, Паеквавон.

Во Пјонгјанг јужнокореанскиот претседател е во придружба на својата сопруга Ким Џунг Сук и 110 државни претставници. Како предводница, во неделата во Пјонгјанг пристигна екипа од 90-ина официјални претставници на Јужна Кореја.
Претседателот на Јужна Кореја, Мун, по сместувањето во државната вила Паеквавон, каде што ќе престојува за време на тридневната посета на Пјонгјанг, по ручекот ќе ја има својата прва официјална средба со севернокорејскиот претседател Ким.
Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин и претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, би требало на попладневната средба да зборуваат за изнаоѓање начин за отстранување на нуклеарното оружје од полуостровот.
На историскиот Самит, одржан на 26 мај годинава, претседателите на Северна и Јужна Кореја зборуваа за мировниот процес меѓу двете земји. Со оваа посета на Мун, во 2018 година ќе биде остварена третата директна средба меѓу двајцата лидери.