Ekip
24 Април 2018•Ажурирај: 24 Април 2018
СЕУЛ (АА) - Јужнокорејските медиуми објавија дека лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, испратил порака до властите во САД дека е подготвен да дозволи доаѓање на меѓународни инспектори за да го потврди процесот на денуклеаризација во Северна Кореја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Dong-A Ilbo“ наведува дека севернокорејскиот лидер изразил подготвеност да дозволи работа на Меѓународната агенција за атомска енергија во Северна Кореја, што аналитичарите пред неколку недели го сметаа за невозможно сценарио.
Повикувајќи се на изјавите на претставниците на разузнавачките служби на Јужна Кореја, медиумите во Сеул јавуваат дека Ким Јонг-Ун позитивно одговорил на предлогот за ангажирање на меѓународни инспектори кој на неодамнешниот состанок го изнесе директорот на американската разузнавачка служба (ЦИА), Мајк Помпео.
Севернокорејскиот режим минатата недела декларативно соопшти дека се откажува од развојот на нуклеарната и балистичка програма, но во оваа порака не се споменува процесот на денуклеаризација и уништување на боевите глави.
Синоќа портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, рече дека Северна Кореја изразила целосна подготвеност за спроведување на денуклеарзација.
Поконкретни детали за плановите на севернокорејскиот режим јавноста ќе дознае во петок, за кога е најавен состанокот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун со претседателот на јужнокорејската претседателка Мун Џае ин.