Safvan Allahverdi
03 Јули 2018•Ажурирај: 03 Јули 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе патува за Северна Кореја оваа недела, во екот кога Вашингтон продолжува да врши притисок за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на брифингот, портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, изјави дека Помпео на 5 јули ќе патува за Пјонгјанг каде што ќе се состане со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и неговиот тим.
„Посетата на Помпео ќе се одржи во рамките на еднонеделното патување во Азија и Европа“, се вели од Стејт департментот.
„Тој во Северна Кореја ќе остане до сабота за да продолжи со консултациите и да го спроведе понатамошниот напредок направен од претседателот Доналд Трамп и претседателот Ким во Сингапур“, се додава.
Трамп минатиот месец објави дека процесот за денуклеаризација на Северна Кореја ќе започне многу брзо, кога двајцата лидери го одржаа самитот без преседан на сингапурскиот остров Сентоса.
Двајцата лидери пред екипите на меѓународните камери го потпишаа, како што беше опишан „сеопфатниот“ договор.
Американскиот претседател го пофали неговиот севернокорејски колега, опишувајќи ги нивните односи како многу посебни, и целосниот пресврт во односите на Вашингон и Пјонгјанг.
Северна Кореја постојано се закануваше дека ќе ги нападне САД по неколку децении непријателство и сомневања откако Корејската војна од 1950-53 година беше затворена со прекин на огнот.
Но севернокорејскиот лидер Ким за новинарите изјави дека тие одлучиле да го остават минатото зад себе.
Трамп, исто така, потврди дека ќе го покани севернокорејскиот лидер во Белата куќа.