Ekip
10 Февруари 2018•Ажурирај: 11 Февруари 2018
СЕУЛ (АА) - Од канцеларијата на Претседателот на Јужна Кореја објавија дека Ким Јонг Ун, лидерот на Северна Кореја, го повикал Мун Џае Ин, претседателот на Јужна Кореја, за да се состанат во северниот дел на Корејскиот Полуостров, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на претседателот на Јужна Кореја изјави дека Ким Јо Јонг, сестрата на Ким Јонг Ун, усмено ја пренела поканата за средба за време на работниот ручек во претседателската палата во Сеул
Тој додаде дека Џае Ин одговори дека северот и југот треба да продолжат да работат на подготовка на условите за одржување на состанокот.
Јужнокорејскиот претседател повика на дијалог меѓу Северна Кореја и САД што е можно поскоро. На крајот, портпаролот на претседателот на Јужна Кореја истакна дека Јо Јонг пристигнала во Јужна Кореја како официјален претставник на лидерот на Северна Кореја.
Јо Јонг е првата личност од владејачкото севернокорејско семејство која ја посети Јужна Кореја по Корејската војна од 1950 до 1953 година.
Во севернокорејската делегација на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг пристигна и Ким Јонг Нам, претседател на Врховното Народно собрание на Северна Кореја.