Enes Canlı
10 Февруари 2018•Ажурирај: 10 Февруари 2018
ТУНИС (АА) - Претседателот на Тунис Мохамед Беџи Каид Есебси одлучи да ја продолжи вонредната состојба во таа земја, воведена во ноември 2015 година поради терористички напади, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот на претседателот беше соопштено дека оваа одлука е донесена по консултациите помеѓу претседателот Есебзи, премиерот Јусуф Сахид и претседателот на парламентот, Мухамад Насир.
Вонредната состојба беше последно продолжена на три месеци во ноември минатата година.
Вонредната состојба беше воведена откако во 2015 година беа извршени три терористички напади.
Еден од нападите беше извршен во познатиот музеј Бардо, кога беа убиени 22 лица.
Вториот напад се случи на хотелска плажа кога загинаа 38 лица, а третиот во центарот на градот Тунис, кога во нападот на автобус со обезбедување на претседателот на државата страдаа 12 лица.