Turgut Alp Boyraz
10 Февруари 2018•Ажурирај: 11 Февруари 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Во Сирија беше соборен еден израелски авион кој ги бомбардираше „иранските цели" во таа област, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелските вооружени сили потврдија дека авионот од типот Ф-16 е срушен. Тие рекоа дека претходно била соборено иранското беспилотно летало кое полетало од Сирија и имало намера да влезе во израелскиот воздушен простор.
„Како одговор на тоа, нашите воени авиони нападнаа некои ирански цели во Сирија. Беше соборен еден авион", соопшти Војската на Израел.
Пилотот беше спасен и хоспитализиран. По соборувањето на израелскиот воен авион, продолжија израелските напади на подрачјето на Сирија.