İlkay Güder
10 Февруари 2018•Ажурирај: 10 Февруари 2018
АНКАРА (AA) - Бројот на неутрализирани терористи од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ достигна 1141, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти турскиот Генералштаб, во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ спроведена од страна на командата на воздухопловните сили, 36 цели на терористички организации ПКК / ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ , како складишта за оружје, муниција и терористички засолништа беа уништени.
Според информациите добиени од регионот, денес се неутрализирани 79 терористи.
Бројот на неутрилизирани терористи од почетокот на операцијата достигна 1141.
Се соопштува дека операцијата продолжува да се одвива успешно и според планираното.
Операцијата во Африн започна на 20. јануари во согласност со турските права засновани на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51. од договорот на ОН, односно „правото на самоодбрана”. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите на режинот на Асад во јули 2012 година без борба на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.