Ali Semerci
10 Февруари 2018•Ажурирај: 10 Февруари 2018
ГАЗА (АА) - Најмалку 27 лица беа повредени при нападот на израелски војници врз демонстрантите кои се собраа во пограничниот регион Газа, во знак на протест поради одлуката на САД да го признае Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа Ешрег ал-Кудра за АА изјави дека израелските војници ги нападнаа демонстрантите и ранија 27 лица, од кои две се сериозно повредени.
Израелските војници употребија боева и гумена муниција и солзавец за време на интервенцијата.
Палестинското движење Хамас и другите палестински организации ги повикаа Палестинците да протестираат против одлуката на американската администрација да го признае Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел.