Bilgin S. Şaşmaz
10 Февруари 2018•Ажурирај: 11 Февруари 2018
ЧИКАГО (АА) - Голема зимска бура која го зафати средниот запад на САД предизвика откажување на повеќе стотици летови во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Обилните врнежи од снег и ниските теператури и понатаму претставуваат сериозна закана и за прекин на сообраќајот во целиот регион.
Метеоролозите предвидуваат во некои подрачја на САД, врнежи од снег да достигнат висина и до 36 сантиметри.
Соопштено е дека висината на снегот, која на некои места во Чикаго изнесуваше околу 30 сантиметри, ќе биде уште поголема поради очекуваните големи врнежи од снег кои се очекуваат во текот на викендот.
Досега во овој град се забележани најмалку 25 сообраќајки поради снежните врнежи.
Локалните власти ја откажаа наставата во образованието во Чикаго, Детроит и Милвоки.
Досега се откажани преку 1.000 летови, најмногу во Чикаго и Детроит.
Поради лошето време оваа недела животот го загубија шест лица во Ајова, две во Мисури и едно во Монтана.