Murat Ünlü
13 Август 2017•Ажурирај: 14 Август 2017
ПАРИЗ (АА) - Спроведена анкета во Франција покажува дека само 36 отсто од Французите се задоволни од францускиот претседател, Емануел Макрон, кој ги помина првите 100 дена на власт, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според анкетата на истражувачка компанија „ИФОП“, 55 отсто од Французите сметаат дека Макрон не ги исполнил ветувањата кој ги дал за време на изборната кампања.
Само 36 отсто од учесниците во анкетата во која учестуваа 1001 лице, се задоволни од Макрон.
Четириесет отсто од Французите велат дека општата состојба во Франција се влошува под власт на Маркон.
Политиката за борба против нелегалната миграција се смета за најлошата политика на Макрон.
Стапката на оние кои биле задоволни од поранешниот претседател, Франсоа Оланд, во првите 100 дена од неговото доаѓање на функција, изнесувала 46 проценти.