Selçuk Acar
13 Август 2017•Ажурирај: 13 Август 2017
ЊУЈОРК (АА) - Во Њујорк се одржува 27. фестивал на змејови чамци, во рамките на кој се одржуваат трки на чамци во чој преден дел се наоѓа глава на змеј, јавува Anadolu Agency (AA).
Дводневниот „Hong Kong Dragon Boat Festival“ се одржува во Паркот „Flushing Meadows-Corona“.
Првиот ден од фестивалот натпреварувачите со придружба на тапани веслаа од утро до вечер.
За време на фестивалот кој е инспириран со кинеска култура, покрај трката со чамци организирана е и музичка програма, претставени се боречки вештини и храна на азиската кујна.
Во натпреварот во веслање учестуваат околу 200 тимови од Канада и од САД, а се очекува фестивалот да го посетат и до 50.000 лица.
Постојат неколку легенди за тоа како настанал Фестивалот на змејови чамци, а една од нив се врзува за кинескиот поет Ќу Јуан, кој живеел во третиот и четвртиот век пред новата ера.
Според легендата, Ќу Јуан скокнал во реката петтиот ден во петтиот месец според кинескиот лунарен календар во реката Милуо, во која се удавил. По тоа, во знак на сеќавање на поетот Фестивалот на змејови глави се одржува и надвор од границите на Кина.