Ekipa
13 Август 2017•Ажурирај: 14 Август 2017
ДОХА (АА) - Претседателот на Националната комисија за човекови права на Катар (NHRC), Али бин Самих ел-Мери, на прес-конференцијата одржана во катарскиот главен град, Доха, истакна дека настаната е позитивна регресија во однос на санкциите поставени кон Катар од страна на Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој истакна дека оваа регресија е недоволна и дека и другите земји (Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), Египет и Бахреин) кои наметнаа блокада на Катар, треба да постапат на ист начин.
Мери пренесе дека Саудиска Арабија дала дозвола за граѓаните кои живеат, работат или имаат недвижности во Катар, да можат да престојуваат во таа земја, за студентите од Саудиска Арабија кои студираат во Катар, да можат да влезат во Катар, како и студентите од Катар кои студираат во Саудиска Арабија, да имаат можност за влегување во оваа земја.
Мери, исто така нагласи дека оваа регресија сѐ уште е нејасна. Тој ова го поврза со тоа што жителите на Саудиска Арабија кои имаат недвижности во Катар, се дозволува да влезат во оваа земја, додека на Катарците кои имаат недвижности во Саудиска Арабија, не им е дозволено да влезат во земјата.
Мери нагласи дека спротивно од Саудиска Арабија, забележано е влошување во однос на санкциите применети од страна на ОАЕ и Бахреин. Тој додаде дека ОАЕ вршат дискриминација врз Катарците кои студираат во нивните образовни установи.
Истакнувајќи дека НХРЦ добила 3.269 жалби од датумот кога започна блокадата, Мери вели дека бројот на жалбите на катарските инвеститори е 984, од кои 607 против Саудиска Арабија, 331 против ОАЕ, и 46 против Бахреин.