Bilgin S. Şaşmaz
13 Март 2017•Ажурирај: 14 Март 2017
ЧИКАГО (АА) - Фестивалот „Холи“, древен хиндуистички фестивал познат и како „Фестивал на бои“, кој се прославува ширум светот, одбележан е и во Чикаго, во сојузната американска држава Илиноис, јавува Anadolu Agency (AA).
Илјадници луѓе со часови танцуваа и пееја во Лемонт, за време на фестивалот кој во хиндуистичката култура го одбележува крајот на зимата.
Покрај Хиндусите голем интерес за фестивалот покажаа и Американците, кои се забавуваа гаѓајќи се меѓусебно со бои кои пак ја претставуваат пролетта.
Фестивалот е инспирација и за „Колор Ран“, кој во САД ќе се одржува во следните неколку месеци.