Hakan Çopur
01 Јануари 2018•Ажурирај: 01 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Во напад што се случи во сојузната американска држава Колорадо загина полицаец, јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на шерифот соопштија дека нападот се случил во близина на Даглас, во Денвер. Наводно, во утринските часови непознато лице упатило повик до полицијата, која излегла на терен.
Во нападот загина заменикот на шерифот, додека четворица припадници на безбедносните сили се повредени.
Напаѓачот, кој рани и двајца цивили, е неутрализиран.