Ekipa
01 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
РАМАЛА (АА) - Израелските војници го приведоа Насир Абдулџевад, пратеник на Законодавниот совет на Палестина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од очевидците, израелските војници утрово извршиле рација во куќата на Абдулџевад во Рамала, и го привеле.
Израелската администрација сѐ уште не даде изјава околу приведувањето на Абдулџевад, кој е пратеник на Блокот за реформи и промени, поврзан со Хамас.
Израелските сили често вршат рации во домовите во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс, и приведуваат Палестинци под различни изговори.