Ali Cura
14 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
МОСКВА (AA) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека ниту една ракета на Соединетите Американски Држави (САД), Велика Британија и Франција не ја погоди базата во Тартус и Хмеим, јавува Anadolu Agency (AA).
Од руското Министерство е наведено дека нападите биле насочени на воени и цивилни инфраструктури во Сирија.
„Ниту една од ракетите на САД и нивните сојузници не ги уништи базите во подрачјето на одговорноста на руските воздушни сили во Тартус и Хмеим", велат од руското министерство.
Како одговор на напад со хемиско оружје на Дума од 7 април, САД, Велика Британија и ФРанција рано утрово бомбардираа повеќе положби на режимот на Асад во Дамаск и Хомс, а се работи, меѓу другото, за складишта на хемиско вооружување.