Şerife Çetin
14 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека Европската унија (ЕУ) дала поддршка на воената интервенција на САД, Велика Британија и Франција во Сирија, во која утринава се бомбрадирани повеќе позиции на режимот на Асад, а се работи за капацитети на хемиско вооружување, јавува Anadolu Agency (AA).
„ЕУ ќе биде со сојузниците односно со правдата“, напиша на социјална мрежа. Наведе дека операцијата покажала дека без плаќање на цената нема да биде продолжена човечката трагедија.
Како одговор на нападот со хемиско оружје на Дума од 7 април, САД, Велика Британија и Франција утринава бомбардираа повеќе позиции на режимот на Асад во Дамаск и Хомс, а се работи, меѓу остантото, за складиште со хемиско вооружување.