Kasım İleri
14 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Во рамките на нападот на САД, Велика Британија и Франција врз режимот на Башар ал Асад, погоден е центар за истражување на хемиско оружје во близина на Дамаск, складиште на хемиско оружје и команден центар во врска со хемиското вооружување, кои се наоѓаат западно од градот Хомс, јавува Anadolu Agency (AA).
Началникот на Генералштабот на американската војска, генералот Џозеф Данфорд на прес-конференцијата порачаа дека нападот е одговор на нападот со хемиско оружје, кој се случи на 7 април во Дума.
Данфорд потврди дека во интервенцијата во Сирија биле вклучени воздушните сили и морнариците на САД, Велика Британија и Франција.
Тој изјави дека се извршени напади врз три главни позиции, од кои еден во Дамаск и два во околината Хомс. Исто така изјави дека се одбрани посебни позиции за да не дојде до цивилни жртви.
„Првата цел беше научно-истражувачкиот регион во градот Дамаск. Ова воено постојување, беше сириски центар за истражување, развивање и производство на хемиско билолошка воена технологија. Втората цел беше складиште на хемиско вооружување западно од Хомс а проценивме дека тоа било главно постројување за плин сарин каде е вршено производство. Во близина на ова постројување, имавме и трета цел, а тоа беше складиштето на хемиско оружје и команден центар“, изјави Данфорд.
Тој додаде дека режимот на Асад реагирал со одбрамбен систем на ракетни напади. За да не биде нанесена штета на руските сили за време на нападите, Данфорд изјави дека стапиле во контакт со Русија преку комуникациски канал.
Данфорд порача дека во врска со овој напад не е водена никаква координација со Русија или Иран.
„Овој бран на напади е завршен“, истакна Данфорд, одговарајќи на прашањето дали нападите ќе бидат продолжени.