Kasım İleri
14 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Министерот за одбрана на САД, Џим Матис, изјави дека ова бил еднократен напад врз режимот на Асад, и дека од Асад зависи дали нападите ќе бидат продолжени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на нападот на САД, Велика Британија и Франција врз режимот на Башар ал Асад, погоден е центар за истражување на хемиско оружје во близина на Дамаск, складиште на хемиско оружје и команден центар во врска со хемиското вооружување, кои се наоѓаат западно од градот Хомс.
Шефот на Пентагон, Џим Матис и началникот на Генералштабот на американската војска, генералот Џозеф Данфорд на прес-конференцијата порачаа дека нападот е одговор на нападот со хемиско оружје, кој се случи на 7 април во Дума.
Матис изјави дека Асад го крши меѓународното прво и со хемиско оружје убива жени, деца и невини луѓе.
„Со сојузниците заклучивме дека такво нешто е неприфатливо. Сакам да истакнам дека ова е напад врз режимот на Асад“, порача Матис, а на прашањето дали нападите ќе бидат продолжени, тој одговори:
„Тоа зависи од Асад, зависи од тоа дали во иднина ќе користи хемиско оружје. Ова беше еднократен напад“.