свет, живот

Руските туристи најмногу истражуваа за одмор во Турција

- Руските туристи, 1.242.000 пати истражувале места за одмор во Турција, додека интересот на руските туристи за Египет, кој е конкурент на Турција на тоа поле, бил за три пати помал

Emre Gürkan Abay  | 22.03.2019 - Обновена : 24.03.2019
Руските туристи најмногу истражуваа за одмор во Турција

МОСКВА

Русите на интернет, во текот на јануари-февруари оваа година, најмногу истражуваа за одмор во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Руската федерација на туроператори (ATOR) ги соопшти местата за одмор што најмногу биле истражувани од Русите во периодот јануари-февруари оваа година преку пребарувачот Yandex.

Руските туристи, 1.242.000 пати истражувале места за одмор во Турција, додека интересот на руските туристи за Египет, кој е конкурент на Турција на тоа поле, бил за три пати помал.

Во тој период, местата за одмор во Египет биле истражувани 400.000 пати. На трето место се наоѓа Тајланд.

Исто така забележано е дека Русите во своите истражувања на интернет за летните аранжмани, најмногу се интересирале за услугата „сѐ е вклучено”.

Турција минатата година сруши рекорд според бројот на туристи од Русија. Оваа година има за цел да биде домаќин на околу 6 милиони туристи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın