Dmitri Chirciu
13 Август 2021•Ажурирај: 14 Август 2021
МОСКВА
Во експлозија што се случи во автобус во рускиот град Воронеж загина едно лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Руската новинска агенција ТАСС јавува дека во автобусот во кој се наоѓале 35 лица, дошло до експлозија во моментот кога патниците се качувале.
Како последица на експлозијата, повредени се 16 лица, од кои 3 потешко, а загина 35-годишна жена.
Започната е истрага, а првите информации укажуваат на тоа дека експлодирала плинска боца или резервоарот за гориво.
Гувернерот на Воронеж, Александр Гусев, изјави дека по експлозијата е наредено да се проверат сите патнички возила во градот.