Ömer Faruk Yıldız
13 Август 2021•Ажурирај: 14 Август 2021
КУАЛА ЛУМПУР
Во државата Саравак, Малезија, четири лица загинаа кога припадник на Кралското малезиско воздухопловство (РМАФ) пукал врз своите соборци, известува Агенција Анадолија (АА).
Аиди Исмаил, главниот комесар на полицијата во Саравак, за медиумите изјави дека инцидентот се случил во утринските часови во воздухопловниот центар во градот Самарахан.
Наведувајќи дека персоналот бил на должност во моментот на инцидентот, Аиди истакна: „Двајца вработени загинаа на местото на нападот, додека еден ранет почина поради загуба на крв.“
Аиди информира дека лицето што пукало врз своите соборци подоцна извршило самоубиство со сопственото оружје.
Во полицискиот извештај се вели дека неименуваниот член на персоналот немал проблем со своите пријатели, додавајќи дека се испитува причината за инцидентот.