Ekipa
03 Октомври 2019•Ажурирај: 04 Октомври 2019
ИДЛИБ (АА) - Еден цивил е убиен, а 14 се повредени во нападите на режимот на Асад во деескалациската зона во Идлиб. Режимот исто така изврши напад и врз еден здравствен центар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Режимот на Асад во утринските часови изведе воздушни и копнени напади во деескалациската зона во Идлиб.
Режимот на Асад областа Кебине ја нападна од воздух, додека областите Маретинуман и Кефренбил во јужен Идлиб, градот Кенсафра и селата Кефер Авид, Сфухен, Фулејфил и Барбо ги нападна од копно.
Според информациите од Цивилната одбрана, при нападите еден цивил го загуби животот, а 7 се повредени.
При нападот на Здравствениот центар во Маретинуман, повредени се 7 цивили, меѓу кои еден е од медицинскиот персонал. На тој начин бројот на повредените од денешните напади достигна 14 лица.
Од 17 септември 2018 година, кога беше потпишан Договорот за Идлиб меѓу Турција и Русија, досега се раселија 1 милион 42 илјади цивили. За време на истиот период, во нападите на режимот и на Русија животот го загубија повеќе од 1.300 цивили.
Во изминатите месеци, со помош на поддржувачите, режимот зазеде многу населби на југот на Идлиб, моментално се обидува да го заземе регионот Кебине на југозапад. Доколку режимот го заземе Кебине, тој ќе се здобие со супериорност на пресекот Хама - Идлиб - Латакија и ќе доминира во подрачјето на Туркменските Планини.