Yusuf Özcan
03 Октомври 2019•Ажурирај: 04 Октомври 2019
ПАРИЗ (АА) - Во напад со нож изведен во седиштето на полицијата во Париз животот го загубија 4 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во францускиот печат, во седиштето на париската полиција влегол напаѓач кој извршил напад со нож.
Во нападот животот го загубиле 4 лица, а напаѓачот за кого се дознава дека бил службеник кој работел во седиштето на полицијата, убиен е при реакцијата на полицијата за време на нападот.
Во околината се преземени големи безбедносни мерки, а затворена е и една метро станица.
Се дознава дека претседателот на Франција, Емануел Макрон и министерот за внатрешни работи, Кристофер Кастанер, ќе го посетат местото на нападот.