свет

Белгиската полиција не е подготвена во случај на евентуален терористички напад

„Немаме доволно персонал, и за жал, Законот за прераспределување на безбедносните припадници е многу строг“

Şerife Çetin  | 03.10.2019 - Обновена : 04.10.2019
Белгиската полиција не е подготвена во случај на евентуален терористички напад

БРИСЕЛ (АА) - Извештај во Белгија открива дека федералната полиција не е подготвена да се справува со евентуален терористички напад, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во извештајот на Федералниот полициски совет, објавен од страна на медиумите, се наведува дека федералната полиција во земјата има тешкотии да се справи со секојдневните случаи и дека во случај на евентуален терористички напад ќе се соочи со сериозни проблеми.

„Немаме доволно персонал, и за жал, Законот за прераспределување на безбедносните припадници е многу строг“, рече Вили Бругемен, претседател на белгискиот Федерален полициски совет.

Бругемен, истакнувајќи дека полицијата има потешкотии со новите предизвици, рече: „Терористичките напади се различни ситуации и за тоа е потребна сериозна работа.“

- Терористички напади во Белгија -

На 22 март 2016 година во самоубиствените бомбашки напади на аеродромот и метро станицата во белгиската престолнина Брисел загинаа 35 лица, а во нападите за кои одговорност презеде терористичката организација ДЕАШ беа ранети 270 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.