Ракети испукани од израелските сили го осветлија небото над Хан Јунис во Газа
– Израелските сили синоќа испукаа ракети над централниот дел на Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, осветлувајќи го небото над градот.

СКОПЈЕ (AA) – Израелските сили синоќа испукаа ракети над централниот дел на градот Хан Јунис, лоциран во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.
Ракетите го осветлија небото и беа снимени со камера од жителите во областа.
Израел и натаму спроведува систематска политика на изгладнување врз околу 2,4 милиони Палестинци во Газа, со тоа што ги има затворено сите гранични премини за испорака на хуманитарна помош. Помошта е блокирана на границата од 2 март, а блокадата ја турна Газа во состојба на глад.
И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, израелската Армија продолжува со бруталната офанзива врз Газа од 7 октомври 2023 година. Досега, според палестинските извори, убиени се над 60.800 лица, од кои најголем дел се жени и деца.
Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.