Büşra Selvi Öğütcen
03 Август 2016•Ажурирај: 04 Август 2016
СЕУЛ (АА) - Северна Кореја утрово лансираше две балистички ракети со среден дострел, од кои едната падна во Јапонското Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Во вестите на новинската агенција Јонхап, која се повикува на изворите од Генералштабот на Јужна Кореја, се наведува дека ракетите Родонг се лансирана во осум часот по локално време.
Една од ракетите е лансирана од покраината Јужен Хванхе на западниот дел на Северна Кореја, а поминала пат од околу 1.300 километри.
Јапонските и американските официјални лица наведуваат дека до крајот на наредната година во Сеонг во Јужна Кореја ќе биде поставен антиракетниот систем Терминално висока позиција на одбрана (THAAD)
Меѓутоа, Кина, која е една од најблиските земји со Северна Кореја изрази загриженост и не прифаќање на планот ТХААД да се постави на подрачјето на Јужна Кореја.
Властите на Пекинг истакнуваат дека поставувањето на антиракетниот систем на ова подрачје ја зголемило загриженоста за безбедноста. Тие нагласија дека тоа би можело да се користи и за шпионски активности.
Советот за безбедност на ОН во јуни го осуди неуспешното експериментирање на балистичките ракети во периодот од 26 до 28 април и 31 мај. Тогаш предупредија дека ќе ги зголемат санкциите кон Северна Кореја.