İzzet Mazi,Rıdvan Korkulutaş
24 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
КИЛИС (АА) - Најмалку десет лица се ранети во експлозија на две гранати кои од Сирија паднаа во центарот на градот Килис, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарот на Anadolu Agency јави дека еден проектил погодил кров од станбен објект, додека другиот паднал во дворот на една куќа.
После експлозијата се превземени засилени безбедносни мерки во центарот на градот а екипите на брзата помош во болниците префрлија најмалку десет ранети лица.
Група граѓани се собра пред Канцеларијата на гувернерот на регионот Килис протестирајќи поради сè почестите инциденти во градот, во кој изминатите дена паднаа повеќе проектили од соседна Сирија.
За време на протестите, полицијата уапси неколку демонстранти.
Во петокот, од територијата на Сирија, која е под контрола на ДАЕШ беа истрелани два проектила врз турскиот град Килис, при што загинаа тројца, а беа повредени три лица.
Килис, кој се наоѓа на шест километри од границата со Сирија, минатиот месец беше погоден со неколку ракети истрелани од Сирија. Во понеделникот, четири ракети истрелани од Сирија во Килис убија пет лица, а шест беа повредени.