Mehmet Ali Derdiyok
24 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Ерменскиот Патријарх во Турција, Арам Атешјан, рече дека исто како и минатата година и оваа година се горди на пораката на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Во организација на Ерменската Патријаршија, по повод на поменот на 101-та годишнина од настаните во 1915 година, во црквата Мерјем Ана (Богородица) се одржа литургија. Во литургијата, од страна на членовите на црковниот хор од Истанбул се пееја црковни песни. По молитвите, патријархот Арам Атешјан даде проповед.
Арам Атешјан, кој го прочита писмото на претседателот Реџеп Таип Ердоган, рече „во моето име, во името на духовниците и мојата заедница на ценетиот претседател сакаме да ја укажеме нашата благодарност, почит и љубов. Исто како и минатата година и оваа година сакам да истакнам дека се гордееме со писмото на нашиот претседател”.
Потенцирајќи дека поради Истанбулскиот полумаратон и 52-та претседателска велосипедска тура поради кои одредени патишта се затворени посетеноста на панихидата е мала Атешјан истакна, „требаше црквата да биде преполна, денес најмалку 20 цркви да се преполни, денеска црквата ни е празна. Се надевам дека следниот пат ова ќе се има во предвид”.
По молитвите панихидата заврши.