Ali Cura
05 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин истакна дека е подготвен заеднички документ за Идлиб, при што изрази верување дека заедничкиот документ ќе биде причина за прекин на огнот во регионот Идлиб и ќе помогне во напредокот во хуманитарната помош, јавува Агенција Анадолија (АА).
По 6 часовните средби во палатата Кремљ, претседателите на Турција, Реџеп Таип Ердоган и на Русија, Владимир Путин, одржаа заедничка прес-конференција.
Изјавувајќи дека од почетокот на година по трет пат се среќаваат со Ердоган, Путин рече: „Нашиот личен контакт ни овозможува да најдеме решенија за разни проблеми на билатералната соработка и да ги утврдуваме нашите заеднички пристапи за меѓународните прашања“
Путин истакна дека уште еднаш потврдиле да продолжат со работата во рамките на форматот Астана.
„Во критичните ситуации секогаш засновајќи се на претходните договори успеавме да се договориме, произведувавме решение, тоа се случи и денес“, рече Путин.
„Веруваме дека заедничкиот документ ќе биде причина за прекин на огнот во регионот Идлиб и ќе помогне во напредокот во хуманитарната помош“, нагласи рускиот претседател Владимир Путин на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Москва.