Erdoğan Çağatay Zontur
24 Февруари 2019•Ажурирај: 25 Февруари 2019
КУКУТА (АА) - Најмалку 4 лица загинаа и 200 се повредени за време на антивладините протести во Венецуела, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на вчерашните демонстрации уапсени се 51 лице, кои предизвикаа нереди со безбедносните сили на колумбиската граница.
Демонстрантите ги повикаа властите во Каракас да ги отворат границите и да дозволат влез на американската хуманитарна помош во Венецуела, истакна преку соопштение венецуелската невладина организација „Форо Пенал“.
Претходно, Венецуела ги прекина своите дипломатски и политички односи со КолумбГоворејќи во Каракас, претседателот Николас Мадуро истакна дека не може повеќе да толерира „територијата на Колумбија да се користи за напади против Венецуела“.
Венецуела, доцна во петокот, одлучи привремено да ја затвори границата со Колумбија.
Самопрогласениот привремен венецуелски претседател Хуан Гваидо истакна дека првиот контингент хуманитарна помош влегол во земјата преку границата со Бразил.
Венецуела, исто така, ја затвори својата поморска граница со три холандски карипски острови - Куракао, Аруба и Бонаира - пред операцијата за „странска помош“.
Венецуела е погодена со протести од 10 јануари кога претседателот Николас Мадуро положи заклетва за вториот мандат по изборите кои ги бојкотираше опозицијата.
Тензиите дополнително се зголемија кога опозицискиот лидер Хуан Гваидо на 23 јануари се самопрогласи за вршител на должноста претседател, што го поддржаа САД и многу европски и латиноамерикански држави. Русија, Турција, Кина, Иран, Боливија и Мексико го поддржуваат Мадуро.