Ekipa
24 Февруари 2019•Ажурирај: 25 Февруари 2019
КАИРО (АА) - Претседателот на Египет, Абдулфетах ес-Сиси, оствари средба со саудискиот крал Селман бин Абдулазиз, на која беше истакнато дека треба да продолжи координацијата на највисоко ниво меѓу двете земји за регионалните прашања, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на египетската официјална новинска агенција МЕНА, Сиси во рамки на Евроарапскиот самит во градот Шарм ел-Шејх, се состанал со саудискиот крал Селман кој се наоѓа во Египет.
Сиси за време на разговорот истакна дека треба да продолжи координацијата и консултацијата на највисоко ниво меѓу двете земји за регионалните прашања.
Од друга страна, кралот Селман нагласил дека оваа посета ја реализирал со цел продолжување на истакнатите односи меѓу двете земји и поддржување на билатералната соработка.
Во веста на официјалната новинска агенција на Саудиска Арабија, СПА, се наведува дека Селман и Сиси се сретнале во градот Шарм ел-Шејх каде што разговарале за настаните во регионот и напорите вложени во оваа насока.