Dildar Baykan
02 Јули 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
КАРАКАС (АА) - Масовните протести против владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро продолжија и минатата ноќ, а во немирите животот го изгубија уште четири демонстранти. Така, билансот на загинатите во протестите кои траат од април се зголеми на 80 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Државниот обвинител на Венецуела, Луиза Ортега Диаз, соопшти дека нередите минатата ноќ се случиле во центарот на градот Баркисимето, и дека четворица демонстранти загинале, а осуммина се повредени.
Локалните претставници тврдат дека демонстрантите настрадале во оружен напад на провладините милитанти.
Антивладините протести во Венецуела започнаа кон средината на месец април оваа година, а досега во немирите на улиците ширум земјата загинале најмалку 80 лица.
Паралелно со тоа, во главниот град на Венецуела, Каракас, одржани се собири за поддршка на претседателот Мадуро и неговата влада. Минатата ноќ и тие демонстранти се судрија со полицијата, но нема детални информации за последиците од немирите.